БАКАЛНИЦА е Е-продавница каде што на едно место можете да најдете млечни и месни производи, вина и деликатеси произведени на традиционален начин во домашни услови од мали домашни производители. Сите производи се природни, со богат и уникатен вкус, најчесто правени по стари рецепти пренесувани од колено на колено, но понекогаш се и резултат на вешто експериментирање на наши луѓе посветени на правење кулинарски чуда од локални состојки.