250мл, стаклено пакување
Опис:
Прекрасен оцет за уживање во и со јадењата. Нашиот овошен оцет од јаболка има нежна киселот која завршува со мека блажина и вкус на јаболко. Повеќе кисел отколку сладок, а сепак одлично избалансиран. Одличен како додаток во различни јадења, салати, чорби, специјалитети…и за многу други сопствени комбинации и тајни семејни рецепти.
Направен е од различни сорти јаболка одгледувани на македонско поднебје.
Рок на траење:
најдобро да се употреби до датумот обележен на пакувањето.
Производител
ДТУ ИА-КРИСТИЈАНА ДООЕЛ Скопје
Традиционален тиквешки производ добиен со концентрирање на гроздовата шира. Изобилува со минерали, природни шеќери, антиоксиданси, од кои најпознат е ресвератролот и се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај деца и возрасни.
Суво вино произведено по технологија на бели вина, со контролирана ферментација, од стара македонска автохтона сорта Станушина, типична само за Тиквешкиот регион. 3 месеци одлежана на фин талог.
Сирењето е рачно изработен, по традиционален стар начин.. Се користи исклучиво сурово млеко, без пастеризација и без додавање на било какви адитиви и конзерванси.
Стоката паси во атар на село Дихово, во чиста средина, на надморска висина од 850 до 900 метри.
Ладно цедено масло од бело афионово семе или шарлаган е 100 % македонски производ.
Струмичко-радовишката котлина е идеална за афионот и токму затоа семето со своите карактеристики е број 1 во светот. Со нова технологија , по пат на ладно еструдирање добиен е е врвен и уникатен производ. Вака добиеното ладно цедено масло од бел афион може да се користи за кулинарски и фармацевтски цели.
Екстра девствено маслиново масло со вкус на бел тартуф
Мерло со мистично темно рубин боја и изразена глицеролска густина. Раскошно, повикувачко буке од ароми на згмечени вишни и боровници и компот од брусница со дискретен мирис на печени костени. Полно, развиено тело со заокружени меки танини и изразена свежина следена од силен овошно – зачински вкус кој трае долго и инспирира.
Тенко сечени 4 типа на чадени свински производи : печеница, врат, бут и сланина (панцета).
Во процесот на обработка на месото не се користени адитиви освен сол. Целиот процес на припремање, чадење и сушење е според традиционален рецепт и трае околу 2 месеци.
Темјаниката е сорта грозје што нема точно утврдено и познато потекло, а се претпоставува дека потекнува од Блискиот Исток. Претставува една од најстарите и најраспросраени сорти во светот, а во Македонија е најзастапена во Тиквешијата. Сортата го добила името од изразениот мирис на мајчина душица, односно темјан.