Вински приказни од првиот „Боемски вински салон“
Откако постои векот и светот постои грозјето и виното. Македонија има одлично поднебје за производство на најразлични квалитетни вина. Тоа докажува дека на овие простори се негува и винската култура. Дека постои винска култура на овие простори потврдија производители на вино од целата држава кои ги изложија своите производи на првиот „Боемски вински салон“.

Народниот театар Битола беше местото каде се одржа овој не секојдневен настан во Битола. Посетителите имаа можност да дегустираат од производите на повеќе винарии што произведуваат вино на традиционален начин по семејните рецепти што се пренесуваат од генерација на генерација. Секоја од присутните винарии покрај вината ја презентираа и својата приказна како се’ почнало и зошто треба да се проба токму нивното вино? Вино пред вода Можеби вода немаат, но затоа го имаат најквалитетното вино. Во недостиг на вода куќите и тулите во Ресава во минатото биле правени со вино. Ова е дел од приказната на винаријата Захарчев од Кавадарци. Идејата што долго време тлеела почнува да се реализира во 2016 година. Целта е да се зачуваат од изумирање стрите сорти на грозје. „Прокупец е сорта со која што почнавме. Балканска сорта која во Македонија речиси ја нема, изгинува.
Што се однесува до грозјето, тоа потекнува од едно село Ресава во Кавадарци, каде тулите на куќите биле направени од вино, оти немало вода. Околу Ресава се најкавалитетните лозја.Првата година имавме 1000 л вино.Со време ги зголемивме и количините и асортиманот. Се ориентираме на бели сорти, за во последната година 2018, да произведеме смедервка, прокупец, гроздов слад и маџун, бела и жолта ракија .Накраткао тоа е како почна целата реализација, вали во својата винска приказна Ѓоре Захарчев. Визијата наша е да се создаде една мини семејна винарија што ќе има простор за дегустација каде ќе може на лице место посетителите покрај дегустацијата посетителите да си купат соодветни вина што ги нема во големите винарии, додава Ѓоре.