
Маџун Захарчев 720 мл
Традиционален тиквешки производ добиен со концентрирање на гроздовата шира. Изобилува со минерали, природни шеќери, антиоксиданси, од кои најпознат е ресвератролот и се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај деца и возрасни.
Цена: 400.0 мкд
Опис на производот:
Пакување тегла 720 мл
Тежина 900 гр
Производител: Ѓоре Захарчев, Кавадарци
Дата на производство: октомври 2020
Рок на траење: неограничен
Маџунот е природен производ добиен од гроздов сок (шира) на најквалитетните видови лоза.
Се препорачува за мали деца, но и за возрасни и спортисти. Тој е лек кој помага при настинки, инфекции на дишните патишта, нарушена функција на хепарот поради жолтица или алкохолозам, при психички пореметувања и прекумерна тежина. Тој е 100% природен производ кој можете да го користите и како замена за шеќер.
Богат е со витамини, минерали, танини, флавоноиди и енергетски супстанци. Се добива со варење на гроздовиот сок исцеден од меленото Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Токму поради тоа тој претставува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогнат да го сочувате и подобрите здравјето.
Контактирајте нѐ
Е-продавница каде што на едно место можете да најдете млечни и месни производи, вина и деликатеси произведени на традиционален начин во домашни услови од мали домашни производители.