
Прокупец Захарчев
Специфичната сорта прокупец е малку подзаборавена балканска сорта на грозје, каква што не може да се сретне на друго место.
Сортата зрее многу доцна, а лушпата е дебела и има темносина боја. Се одликува со добра родност и претставува приносна сорта. На прокупецот му требаат плодни и умерено влажни почви, а на слаби почви и суви терени страда од суша.
Цена: 300.0 мкд
Опис на производот:
Прокупецот одгледан во добри услови дава добра основа за засилување на црвените вина. Затоа е соодветен и за спојување со други црвени вина.
Виното од прокупецот претставува одлична хармонија на боја, мирис и вкус. Има средна јачина, добро е обоено, лесно и пивко.
Ова вино е освежително, најчесто има јачина од 10 до 13 проценти алкохол. Се одликува со рубин црвена боја, a мирисните ароми се комбинација на вишна и цреша. Најдобро би било да го послужите на температура од 16-18°C со лесни предјадења, тестенини и варива.
Вид Црвено полусуво
Сорта Прокупец
Име Прокупец 0,75
Берба 2020
Алкохол 14 %
Серија 1200 шишиња
Винарија Семејна Винарија Захарчев
Контактирајте нѐ
Е-продавница каде што на едно место можете да најдете млечни и месни производи, вина и деликатеси произведени на традиционален начин во домашни услови од мали домашни производители.