
Природен пелистерски органски МЕД
Mедот е единствената храна која нема ограничен рок на траење и се конзумира секојдневно како храна а не само како лек. Медот на пазарот се продава цеден или во пита.
Цена: 550.0 мкд
Опис на производот:
Медот е добар за децата и спортистите,за стари и изнемоштени лица,како и за сите оние што се занимаваат со некоја физичка и интелектуална работа. Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умната и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и зарази затоа што има антисептичко делување. Одличен е против кивавица, настинки и суво кашлање, се препорачува да се земаат од две до четири лажици мед дневно.
Пакување: тегла
Тежина:720 мл / 1 кг
ПроизводителПчеларник БН с.Дихово Битола
Дата на производство: Август 2020 година
Рок на траење: Неограничен
Специфики на производот: количини за продажба по месеци и дали го има во текот на целата година
Производот е достапен цела година
Контактирајте нѐ
Е-продавница каде што на едно место можете да најдете млечни и месни производи, вина и деликатеси произведени на традиционален начин во домашни услови од мали домашни производители.