
Вранец Параџик
Виното е произведено од два микро лакалитети во Тиквешкото виногорје Манастирец и Моклиште. Годишната серија е граничена на 1300 шишиња .
Сервирајте го на температура од 18 до 20°C.
Цена: 350.0 мкд
Опис на производот:
Најважна и водечка сорта за производство на црвени вина во Македонија е вранецот. Настаната е по пат на природно вкрстување и застапена е во сите виногорја на Повардарскиот регион, а во другите виногорја ја има во помали размери. Грозјето има темноцрвена боја и најдобри резултати дава на средно плодни и умерено влажни почви
Младите вина од вранец имаат светлопурпурна боја, со арома на џем од јаготки, плодови од овошни дрвја и ситнозрнесто овошје. Зрелите средно јаки до јаки вина се со интензивна потемна рубин црвена боја, богати со екстракт и боени материи. На вкус се хармонични, со нагласен сортен мирис и со покомплексна арома што наликува на шумско овошје и дрвенести мириси, понекогаш и на чоколада и ликер. Виното од вранец, сервирано на собна температура, добро одговара со сите македонски јадења, како и со црвено месо, дивеч, месо на скара и чадено месо.
Контактирајте нѐ
Е-продавница каде што на едно место можете да најдете млечни и месни производи, вина и деликатеси произведени на традиционален начин во домашни услови од мали домашни производители.