Share on Facebook
 
 
 
Share on Twitter
 
 
 
Share on Google Plus
 
 
 
Share on Pinterest
 
 
 
 
 Кошничка
 
 
 
Ладно цедено масло од бело афионово семе
 
 
 
 

Ладно цедено масло од бело афионово семе

 

Ладно цедено масло од бело афионово семе или шарлаган е 100 % македонски производ.

Струмичко-радовишката котлина е идеална за афионот и токму затоа семето со своите карактеристики е број 1 во светот. Со нова технологија , по пат на ладно еструдирање добиен е е врвен и уникатен производ. Вака добиеното ладно цедено масло од бел афион може да се користи за кулинарски и фармацевтски цели.


Одлично оди во комбинација со тестенини, компири, десерти и овошје, а и во салати.

Во исхраната, маслото од афион ги релаксира мускулите, ги зајакнува нервите, ја ублажува болката, ја зголемува концентрацијата и го зајакнува одбранбениот механизам на телото.

Можеме да се користи за елиминирање на несоницата - со консумирање лажичка масло од афион пред спиење, а помага и кај пациенти со астма и оние кои страдаат од хронична кашлица.

Исто така се користи за лекување на стомачни тегоби, додека последните истражувања покажуваат дека го забавува растот на туморот и бидејќи е богат со витамин Е, калциум и јаглехидрати, одличен е во исхраната на спортистите како извор на енергија.

Спортистите често консумираат мешавина од афион и мед за да ја зголемат физичката сила и наместо семиња, понекогаш е попрактично да се користи афионско масло.

Иако афионот како растение содржи опиум, во ладно цеденото масло од афион нема наркотични својства.

Маслото од афион помага во развојот и заштитата на коските.

Поради термичкиот ефект, маслото од афион е многу популарно кај луѓе со слаба циркулација, синдром на настинки и реума.

Загревањето на маслото предизвикува влошување на активните состојки, поради што маслото од афион не е погодно за печење и пржење.


Пакување: стаклено шише 500 милитри
Производител: Био Оил Радишани, Скопје


 
 
3150Ден