За гурмани и луѓе со префинет вкус.

Бакалница
За работи што не се купуваат во маркет
Бакалница е е-продавница каде што на едно место можете да најдете млечни и месни производи, вина и деликатеси произведени на традиционален начин во домашни услови од мали домашни производители.
Сите производи се природни, со богат и уникатен вкус, најчесто правени по стари рецепти пренесувани од колено на колено, но понекогаш се и резултат на вешто експериментирање на наши луѓе посветени на правење кулинарски чуда од локални состојки.

Мисија и визија
БАКАЛНИЦА има мисија да го промовира уживањето во домашни и локални производи, со што ги поддржуваме малите македонски производители.
Продаваме храна во која искрено се вложуваат наши луѓе на луѓе кои знаат да го ценат нивниот труд и да уживаат во префинетоста на тоа што го јадат.

Нарачки и достава
Во моментов работиме само на територијата на Скопје. Нарачките се примаат во текот на целата недела, а се доставуваат во вторник и во петок, по 18 часот.
Контактирајте нѐ
Е-продавница каде што на едно место можете да најдете млечни и месни производи, вина и деликатеси произведени на традиционален начин во домашни услови од мали домашни производители.